вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Терор е во услови на инфлација и немаштија да се кратат платите на граѓаните

Стојаноски: Терор е во услови на инфлација и немаштија да се кратат платите на граѓаните

„Не се согласувам дека инфлацијата е увезена бидејќи главните контибутори зависат од 3 фактори а тоа е цената на горивата, цената на електричната енергија и производите кои се купуваат во малопродажба кои ја сочинуваат потрошувачката кошница“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата „Објектив“ на Македонската телевизија.

Стојаноски посочи дека мора да се согласиме дека инфлацијата е на највисоко ниво од постоењето на Република Македонија. Ако се направи анализа на тоа колку е поскапена храната и лековите тогаш ќе се види дека инфлацијата е многу над 19.8%.

Во однос на мерката за кратење на платите Стојаноски посочи дека е лага дека нема да се кратат платите.

„Лага е дека нема да се кратат платите, бидејќи во соопштението од страна на ССМ е изведен целокупниот записник на седницата на Влада каде се задолжуваат институциите на органите на Влада, министерствата и институциите на локалната самоуправа да ги следат мерките за штедење“, кажа Стојаноски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со сите сили ќе се обиде да го спречи таквиот начин на кратење на платите, заради тоа што пари во буџетот има.

„Терор е во овие услови во ваква инфлација и немаштија да ги кратите средствата на граѓаните кои во сркомните буџети ја имаат вкалкулирано платата“, потенцираше Стојаноски.

Најнови вести