понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Владата им дава можност на земјите од регионот да ги превземат македонските работници односно тие да емигрираат во земјите од Балканот

Стојаноски: Владата им дава можност на земјите од регионот да ги превземат македонските работници односно тие да емигрираат во земјите од Балканот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски при денешното свое обраќање побара да се разговара за работниците, нивните права и можности обременети со сите предизвици затоа што Владата во овој момент единствено што прави им дава можност на земјите од регионот да ги превземат македонските работници односно тие да емигрираат во земјите од Балканот.

-Согласно членот 76 барам дневниот ред да се измени со тоа што точката 3 би станала точка број 1. Точката 3 е предлог на Закон за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во западниот Балкан и сметам дека во ваквите услови е суштински важно да разговараме за работниците, да разговараме за нивните права како и нивните можности за живот во нашата држава, обременети со сите предизвици кој што ги носи македонското секојдневие. Внимавајте со оваа точка број 3 во измената односно во сижето од власта се напоменува дека овој закон треба односно оваа ратификација да се донесе со цел да се подобри животот на сите во регионот како и за зајакнување на регионалната соработка и меѓусебно разбирање. Да симплифицирам Владата сака со оваа ратификација да им даде можност на сите земји во регионот да ги превземат македонските работници и единствено нешто што оваа влада во овој период го прави за македонските работници е да им овозможи подобри услови да емигрираат односно да најдат полесно работа во земјите на Балканот, рече Стојаноски.

Пратеникот во текот на своето обраќање потсети дека Владата исто така е скарана со КСС и ССМ заради тоа што не сака да го почитува она која им го вети и по секоја цена одбива да разговара за состојбата со македонските работници.

-Ние се наоѓаме во услови кога оваа Влада е скарана со најголемите репрезентативни синдикати, целосно нарушени односи со ССМ и со КСС заради тоа што не сака да го почитува тоа што го ветила. Откако брутално ги излажа на први мај излегувајќи заедно со работниците на традиционалните штрајкови, кревајќи ги триумфално нивните раце и ветувајќи им дека ќе има покачување на платата и тоа не се случи. Но што тоа не се случи во моментот кога дискутираме на седниците за ребаланс на Буџет, вработените односно работниците кои што протестираа надвор од оваа заграда и ја блокираа улицата беа брутално навредувани од пратениците на мнозинството, затоа барам оваа точка да биде прва на дневниот ред, да отвориме дискусија, да ги повикаме работниците да ги средат дискусиите и да видат зошто оваа Влада наместо да се фокусира внатре во границите на Република Македонија со услови, со закони, со мерки и со покачување на платите, да ги подобри условите за сите работници им овозможува полесно да емигрираат. Има работници кои што се потешко го сврзуваат крајот со крај. Видовме дека сметките за струја се многу повисоки од тоа што кажува, инфлацијата е рекордна од 16.8%, таа која е во соопштението, а привидната е многу поскапа, можете да го видите во маркет, а сепак Владата одбива да разговара за состојбата со македонските работници, додаде Стојаноски.

Најнови вести