На 05-ти мај со координаторот Никола Мицевски во име на целата пратеничка група поднесовме (по третпат) закон за намалувањето на акцизите за 50%.
На 09-ти мај на пленарна седница, побарав дневниот ред да биде дополнет со оваа точка, но настана расправија со Талат Џафери, требаше да добијам 10 минути да го образложам предлогот, а добив само 3 минути по што ми беше исклучен микрофонот, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
-Законот е поднесен по итна постапка, што по Деловник го обврзува Џафери да го стави на првата наредна седница. Доколку тогаш го донесоа законот, на 09-ти мај, граѓаните и компаниите 22 дена ќе плаќаа поефтино гориво, а сега горивата немаше да бидат над 100 денари за литар. Џафери и мнозинството составено од ДУИ – СДСМ да се вразумат и што побрзо да се ефектуира овој закон кој е заглавен во лавиринтите на Собранието за веднаш да им помогнеме на граѓаните и стопанството, истакна Стојаноски.