петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ има обврска да го смени ова мачно македонско секојдневие кое е резултат од лошите политики на власта

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ има обврска да го смени ова мачно македонско секојдневие кое е резултат од лошите политики на власта

„Ние сме држава каде што има многу кризи во многу сфери во општеството. И, имено ние сметаме дека тие кои што се изворот на проблемот односно Владата не може да бидат решение на истите. Каде што одиме по терен имаме комуникација дали со коморите, дали со граѓаните, со синдикатите, секаде е погласно она дека мора да се менува нешто. А, ние како најголема опозициска партија имаме обврска за да го смениме ова мачно македонско секојдневие“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринската емисија на Алфа телевизија.

Стојаноски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да преземе низа на мерки, на чекори но за кои што треба да седнеме со владејачкото мнозинство тука се подразбира СДСМ и ДУИ и да се договори за датум за излез за кризата. А, единствен излез од оваа криза се предвремени парламентарни избори.

„Јасно е Ковачевски зошто не сака да се одржи таа лидерска средба, можевме во текот на вчерашниот ден и да ги видиме анкетите. А, таму навистина ВМРО-ДПМНЕ има големо водство пред СДСМ во однос на тоа на кого граѓаните како политичар најмногу му веруваат, а тоа е Христијан Мицкоски, скоро двојна предност има пред Ковачевски. И сосема на сите ни е јасно зошто не сакаат и нема да сакаат и нормално, за тоа што ќе треба да си заминат од таму и ќе треба да одговараат“, појасни Стојаноски.

Стојаноски посочи дека од аспект на активната блокада на Собранието вреди да се напомене првиот чекор за кој што ВМРО-ДПМНЕ побара две работи, а тоа трпение од народот и од членството. Но исто така ВМРО-ДПМНЕ бара општествена поддршка за да народот заедно со опозицијата успее да ја натера власта да излезе на избори.

„Под активна блокада значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира сите штетни закони во Собранието, како што ќе го кажам Законот за марихуана во кој што едно семејство кое што владееше со оваа држава и се уште владее од југоисточна Македонија нема да прибавува профит по однос на продавање на марихуана. Понатаму, за приватизација на земјоделското земјиште каде што наместо оние кои што навистина го обработуваат ќе треба да отиде во рацете на олигарсите, и ред други штетни закони“, рече Стојаноски.

Стојаноски укажа дека нема да се спречуваат оние колку и да се малку мерки за средства кои што треба да завршат кај граѓаните.

Најнови вести