вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: ВМРО – ДПМНЕ смета дека е потребно да се почитува Законот за буџетите како што е донесен и сите вработени во Министерството за финансии да добијат зголемување на платите до 30%

Стојаноски: ВМРО – ДПМНЕ смета дека е потребно да се почитува Законот за буџетите како што е донесен и сите вработени во Министерството за финансии да добијат зголемување на платите до 30%

Законот за буџетите е добар пример за консензуално донесен Закон меѓу сите политички партии. На истиот му претходеше долг процес на дебата и консултации и истиот е еден од ретките закони што е донесен со поддршка од сите пратенички групи. ВМРО – ДПМНЕ секогаш ќе дава поддршка на закони кои значат вистински реформи. Во текот на преговорите беше истакнат фактот дека голем број на вработени го напуштаат Министерството за финансии поради ниските плати во однос на секторот финансиски дејности и дејности на осигурување. За пошироката јавноста, просечната месечна нето плата во овој сектор за декември 2022-ра година изнесува над 50 илјади денари или речиси 50% повисока од просечната плата, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

-Не може да очекуваме дека квалитетен кадар ќе работи на јавните финансии за плати кои се пониски од тие што може да ги оствари во реалниот сектор. Водени од таа идеја, заеднички изгласавме закон со кој сите вработени во Министерството за финансии ќе имаат зголемување на платите до 30%. Денес власта, како и многупати досега, се премислува.
Слушнавме десетици изјави од поранешниот заменик министер за финансии, а денеска премиер Димитар Ковачевски, од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и од министерот за финансии Фатмир Бесими дека треба да се зголемат платите на вработените во Министерството за финансии, но денес преку автентично толкување, а не закон, сакаат да го одземат тоа што им следува на вработените. Добро знаеме која беше интенцијата на пратениците кога го гласавме овој закон, добро се сеќаваме и на изјавите на највисоките државни функционери, ама еве ги сега ретерираат од неразбирливи причини. Пари во Буџетот има, тоа најдобро го знаат вработените во ова Министерство, проблемот е што апетитите на државните функционери се се’ поголеми па кратат од секаде само за да има за тендери во четири очи, вели Стојаноски.

Тој додава дека ВМРО – ДПМНЕ смета дека е потребно да се почитува Законот за буџетите како што е донесен и сите вработени во Министерството за финансии да добијат зголемување на платите до 30%.

-Сите вработени се подеднакво важни. Каква ќе биде мотивацијата на вработените во секторот трезор или макроекономска политика доколку се прошверцува ова автентично толкување? Ние нема да дозволиме некој да си поигрува со професионалците кои деноноќно работат со јавните финансии. Токму затоа им порачуваме на СДСМ и ДУИ да го повлечат ова автентично толкување, а министерот да го испочитува Законот што е поддржан од сите пратенички групи и да им го исплати законското право на професионалците во Министерството за финансии, дур не заминале и тие, вели Стојаноски.

Најнови вести