Криминалниот картел на власт може да погреши знаме, ама никако не греши кога се работи за матна зделка или доделување на пари, на еден или друг начин, на владини функционери. Тоа работи совршено. Јавноста со денови очекува одговор, како ќерката на министерот за надворешни работи Никола Димитров доби стипендија за школување во вредност од 40 000 долари за студирање во Холандија, ако се знае дека Димитров официјално има пријавено стан од 138 м2 во Хаг, Холандија во вредност од над 315 илјади евра, изјави Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:
„Замислете човек кој поседува стан од 138м2 чија вредност самиот ја проценил на 315 илјади евра добил од државата за стипендирање на високото образование на својата ќерка 40 илјади долари, во услови кога тука во Македонија учениците немаат учебници, кога училиштата едвај плаќаат превоз, греење, кога исплатата на стипендиите за нашите студенти и ученици доцни по неколку месеци, кога не им се набавува оброк на учениците во некои училишта и слично. Ете до каде дотуркаа европските вредности во Македонија со владата предводена од Заев и Димитров. Очигледно за оваа власт нема ништо спорно што ќерката на министерот за надворешни работи се стипендира со мрсна стипендија да студира во Холандија, тоа што фирмата на снаата на советничката Цветанка Ласкова доби грант од 300 000 евра од Фондот за иновации, тоа што фирмите на вицепремиерот Анѓушев добиваат државни тендери, тоа што децата на функционерите од власта се вработуваат на сметка на други млади и образувани кадри.“
-Јавноста очекува во најмала рака Димитров да се откаже од овие пари, заради морални и етички причини. Со 40 000 долари може да се покрие цела учебна година исплаќање на ученички стипендии на речиси 100 ученици во Република Македонија во вредност од 3000 денари месечно. Или со овие 40 000 долари може да се покрие оброкот на сите училишта и сите деца во целодневна настава и основци за околу 2 и пол месеци во цела општина Ѓорче Петров. Тоа се вистинските вредности во Европа, посочи Стојановски.