Градоначакникот на општината Ѓорче Петров преку статус на Фејсбук пишува дека основните училишта во општината се подготвени за новата учебна година.
„🧑🏻🏫👩🏫ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО НАШАТА ОПШТИНА СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА
✅Целото лето беше искористено за подобрување на условите во секое училиште. Бевме посветени на реконструкција на постоечките капацитети, но на наша голема радост ќе пуштиме во употреба и нови 6 училници во подрачното училиште “Димитар Поп Георгиев – Беровски” во населба Хром, со што драстично ќе се подобрат условите за посетување настава на дечињата од ова училиште.
❤️Општина Ѓорче Петров и оваа година обезбеди ранче и училишен прибор за секое прваче, што ќе биде од особена помош на секој родител во пресрет на почетокот на учебната година, кога секое семејство треба да го подготви своето дете за посетување настава.
🥐Првачињата во основните училишта во нашата општина ќе имаат и обезбеден појадок и ужинка секој ден.
🧑👧🏻Продолжуваме да се грижиме за нашите најмлади жители, нашите дечиња.
За Ѓорче!❤️“, стои во неговиот статус на Фејсбук.