Денеска заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и пратеникот Бојан Стојаноски сме на локација во селото Орман каде што вршиме увид на завршните градежни работи на новата пречистителна станица која што се изгради и која што има за цел да ги прибере фекалните води од селото Орман, изјави денеска градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
-Оваа пречистителна станица можам да кажам дека сум многу горд затоа што пред се е македонски производ и сите компоненти на оваа пречистителна станица се македонски. Истата таа пречистителна станица ги задоволува најсовремените европски и светски стандарди за третман на отпадни води. И работи по принципот на биолошки филтер со микроорганизми и ќе задоволи капацитет во моментот некаде и до 1.200 еквивалент партиципиенти зборувам како население во овој дел на селото, рече Стојкоски.
-Самата изградба на пречистителна станица финансирана е со 20% од Општина Ѓорче Петров, исто толку и министерството за локална самоуправа, а остатокот од парите се финансирани преку ЕУ, преку проектот за меѓугранична соработка со општината Ново Брдо во Косово. И тоа ни даде еден дополнителен мотив бидејќи е прв проект во општината кој што го работиме со меѓународна поддршка и прекугранична соработка. И со изградбата на оваа пречистителна станица и фекалниот колектор од 600 метри кој што го направивме го затвораме процесот со решавање на фекалните води во селото Орман. Бидејќи претходно преку програмата на ТАВ се реализираше целосно нова примарна и секундарна канализациона мрежа овдека со вкупна должина некаде околу 3.600 метри. Тоа ќе значи еден голем благодет за луѓето во овој дел на Ѓорче Петров и исто така ќе значи многу за зачувување на животната средина во овој дел бидејќи сите тие септички јами кои што досега постоеја во овој дел ќе заминат во историјата. И практично во руралниот дел на Ѓорче Петров е втора пречистителна станица, втората пред повеќе од десет години ја отворивме во селото Ново Село која што служи да ги прими водите на Волково, Ново Село, Кисела Јабука, Стопански двор, и сега еве ова за овој дел од општината, изјави градоначалникот Стојкоски.
Со почит,