сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојкова Серафимовска до Стефоска: Да се грижевте толку за УНЕСКО немаше да дозволите негрижа и нефинансирање

Стојкова Серафимовска до Стефоска: Да се грижевте толку за УНЕСКО немаше да дозволите негрижа и нефинансирање

Драга Министерке, неверојатно е колку или имате лоши советници или бегате од македонизмот како од ѓаол. Но еве јас, како и до сега, ќе ве потсетам дека Природното и културно наследство на Охрид и охридскиот регион НЕ Е единственото добро кое Македонија го има впишано на листите на УНЕСКО, пишува на Фејсбук етномузикологот и експерт за нематеријално културно наследство, Велика Стојкова Серафимовска која и се обраќа на Ирена Стефоска, министер за култура.

Имаме впишано и пет прекрасни нематеријални добра, а и едно добро во листата на биодиверзитет.

-Убава идеа е видеото, професионално направено, со убава позадина, но суштината министерке, СУШТИНАТА ви бега како што вие бегате од се што е изворно македонско. Нема да коментирам за објектите кои се прикажани (меѓу нив и Поштата за која ветивте дека ќе ја средите, а ништо не направивте), но мора да искоментирам за изборот на Чалгијата. Со должна почит кон Chalgiya sound system, но јас би го одбрала кавалот, би ги ставила тапаните од Копачката, Македонската гајда, имаме ние богатство од звуци кои се препознатливи во светот како македонски.

И со цела должна почит кон презентерот на видеото, но на самиот почеток кардинална грешка. Како самостојна држава РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА е член на УНЕСКО од 1993, не северна, никако северна!!! Грешка, голема грешка Министерке. Вие да се грижевте толку за УНЕСКО немаше да дозволите молење и коленичење за спас на Охрид и пет години молк, негрижа и нефинансирање на нематеријалното културно наследство. Срамота, Министерке, СРАМОТА, стои во објавата.

Најнови вести