сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Пецаков: Ниту ова ниту било кое раководство на Охрид не се дрзнало да не се грижи за статусот на регионот во УНЕСКО

Пецаков: Ниту ова ниту било кое раководство на Охрид не се дрзнало да не се грижи за статусот на регионот во УНЕСКО

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, реагираше на денешните изнесени забелешки од страна на Општина Струга, дека Општината Охрид и нејзините раководители се најодговорни за проблемите и тешкотиите во Охридскиот регион и во крајна линија неговиот статус во УНЕСКО.

Според соопштението на Општина Струга, најголем дел од проблемите и тешкотиите во Охридскиот регион произлегле од Општината Охрид и нејзините раководители кои, како што е наведено, постојано, преку платени медиуми, организации и лобисти, ја напаѓале Општина Струга за секаков аспект во секое време и место, без никакви аргументи“.

Пецаков во одговорот на соопштението до јавноста посочува дека ниту ова, ниту било кое претходно раководство на Општина Охрид до далечното минато, се дрзнало да не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО.

-Што се однесува до случувањата во Охридскиот регион, а се поврзани со УНЕСКО, треба секој еден практикант на функција да знае дека тука се надлежни повеќе институции централни и локални и дека ниедна од овие институции не може самостојно да ги пишува заклучоците во извештаите кои го носи УНЕСКО. А за да увидиш во извештајот кои се забелешките треба да го прочиташ, а не да чекаш некој да ти го прераскаже, вели тој.

Тој наведе дека Општина Охрид и тој како нејзин градоначалник, со сите надлежни институции домашни и меѓународни имале одлична комуникација на поле УНЕСКО.

-Тоа се потврдило и го потврдиле многубројните посети и работни состаноци. Иако, Општина Охрид која територијално е најопфатена со УНЕСКО, своите задолженија ги извршува редовно и навремено и во ниеден момент не бара кривец во други општини, бидејќи нема потреба да бараш кривец кога си ја работиш работата согласно Закон“, вели Пецаков.

Што се однесува до наводното поткупување медиумите, организациите и лобистите, тој се воздржува од коментар, остава самите да дадат одговор доколку се чувствуваат повикани.

Претходно денеска струшкиот градоначалник Рамиз Мерко имал средба со претставници на Мешовитиот експертски тим од Обединетите нации, УНЕСКО, УНДП, УНЕП и Северна Македонија за изработка на Студијата за оправданост за урбанистичкиот план за крајбрежниот појас на Охридското Езеро.