петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојкова Серафимовска: Дочекавме и меѓународната експертска јавност да го препознае проблемот со Бугарија и нашиот „бетониран“ јазик

Стојкова Серафимовска: Дочекавме и меѓународната експертска јавност да го препознае проблемот со Бугарија и нашиот „бетониран“ јазик

Кандидатот за пратеник во Изборната листа 1 на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска преку статус на Фејсбук пишува дека сме дочекале и меѓународната експертска јавност да го препознае проблемот со Бугарија и да застане во наша одбрана, а нашата Влада упорно, покрај гласните и официјалните реакции од МАНУ, и од Институтот за македонски јазик, не изреагира ниту на овој, кој знае кој по ред директен напад врз нашиот „бетониран“ македонски јазик.

-Дочекавме и меѓународната експертска јавност да го препознае проблемот со Бугарија и да застане во наша одбрана, а нашата Влада упорно, покрај гласните и официјалните реакции од МАНУ, и од Институтот за македонски јазик, не изреагира ниту на овој, кој знае кој по ред директен напад врз нашиот „бетониран“ македонски јазик.
Имено, Комисијата смета дека никакви политички разлики не можат и не смеат да влијаат врз активностите на меѓународниот колектив кој плодотворно работи врз Општословенскиот лингвистички атлас повеќе од 60 години.
Во научните принципи на основачите на ОЛА, воспоставени во 1958 година, на кои се повикува проф. Вендина, македонскиот јазик е вклучен рамноправно со другите словенски јазици – се вели во одговорот на Меѓународната комисија на Општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА) до Бугарската академија на науките и до националните комитети на ОЛА во 12 земји.
Одговорот следуваше откако БАН, со нивниот објавен ненаучен памфлет во кој се негира постоењето на македонскиот јазик, реагираше на неодамна објавените ставови за вековниот континуитет на македонскиот јазик на академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ и на македонистот и лингвист, проф. д-р Марјан Марковиќ.
Оваа власт беше канцер за се што е македонско, со македонскиот јазик се однесуваше како да е туѓ, но на овие неправди ќе издржиме уште неполн месец.
Новата власт предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе го промовира, унапредува и користи македонскиот јазик во образованието и науката, културата и уметноста, медиумите и електронски комуникации и во сите други области во општеството.
Обврската да се сочува и унапреди Македонскиот јазик како најзначајно идентитетско обележје е вековна ??, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Дочекавме и меѓународната експертска јавност да го препознае проблемот со Бугарија и да застане во наша одбрана, а…

Gepostet von Велика Стојкова Серафимовска am Dienstag, 23. Juni 2020

 

Најнови вести