Во проектот #ОбноваНаМакедонија , со цел намалување на урбаната бучава се предвидува изработка на стратешки карти на бучава за цела територија на државата, истакна кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1, Велика Стојкова Серафимовска.
„Со тоа се гарантира заштита од ноќна бучава и нарушување на спокојот со гласна музика од локалите, гласни машини, мотори, автомобили и др. Исто така се предвидуваат и повисоки стандарди во поставување на урбана и друг вид опрема на јавниот простор, овозможувајќи повеќе простор за пешачење и рекреација“-истакна таа.