сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојкова Серафимовска: Програмата на министерството за култура е најскандалозна досега, во неа нема ништо од национален интерес

Стојкова Серафимовска: Програмата на министерството за култура е најскандалозна досега, во неа нема ништо од национален интерес

Имајќи ги предвид сите претходни програми низ годините, овогодинешната Програма на министерството за култура навидум изгледа за нескандалозна, но кога ќе се види подобро ова е најскандалозната програма, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Стојкова Серафимовска истакна дека иако насловот на конкурсот беше „Финансирање на проекти од национален интерес во културата“ сепак во Годишната програма на министерството за култура нема национален интерес.

– Таму нема македонски  автори, ниту во музичко сценска, ниту во драмска дејност, не гледаме промоција на македонската национална кутура и тоа го велам мислејќи на државната култура.   Не може фестивал како што е „Денови на македонска музика“ кој е единствен за презентација на македонски композитори, да добие најмалку средства. Тоа е скандалозно, ова е единствена манифестација која промовира македонска сериозна музика, нагласи таа.

Стојкова Серафимовска посочи дека иако министерката се пофали во однос на културното наследство, сепак оваа влада на која и припаѓа на министерката  не се грижи за ништо национално.

– Нема доволно средства за нематеријалното наследство, дури и прекршувања на законот за заштита на културно наследство,  дадени се средства на институција која не е овластен субјект за заштита. Министерката треба да знае кои се проекти од национален интерес.  Нема ниту проекти за оние добра кои се впишани во УНЕСКО и за кои државата има обврска да ги финансира. Националните институции се оштетени, а финансирани програми се финансирани само со наслови без никаква содржина, никој не знае какви се тие проекти, нагласи Стојкова Серафимовска.

Најнови вести