На денешната 87 седница на Собранието на Република Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова Серафимовска постави неколку прашања.
Првото прашање се однесуваше до министерката за Култура Бисера Костадиновска Стојчевска која иако пред некој ден кажа дека тоа што се збори во јавноста околу чувањето на културното наследство е неточно без да даде аргументи зашто тоа е неточно, таа ја образложи мизерната состојба во кое се наоѓа материјалното и нематеријалното културно наследство и го постави следното прашање:
Дали можете да ми кажете еве конкретно за овие добра кој се на листите на УНЕСКО, колку е издвоено, значи колку средства се издвоени од буџетот на МК на РМ за 2022 година и тоа зборувам од програмата за заштита на културно наследство, значи не зборувам за другите програми како што е фолклор, домови на култура или музичко-сценска дејност, од секторот заштита колку средства се издвоени за сите вкупно добра културни кои се впишани на листите на УНЕСКО?
Дополнително таа посочи дека ова е прва седница од почетокот на учебната година и потенцираше дека учениците не добија учебници, а добија некои скрипти кои се кованици од неколку учебници.
Според Стојкова Серафимовска ова се се должи на експериментите на Царовска во Образованието.
Таа го постави следното прашање до претставник од Владата:
Зошто се уште на 29 септември нема печатени учебници и кога планирате да ги доставите печатените учебници?
Нејзиното трето прашање кое го постави до министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска се однесуваше за платите на вработените во градинките, односно сите вработени како што рече таа а не само на носители на дејност, поради ова таа побара појаснување од министерката преку одговор на следното прашање:
Кога ќе се покачат кај сите, не само кај носителите на дејност туку кај сите вработени во градинките?