сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скандал во скандалот: Ангеловска лажеше дека не забранила комуникација со Димитриеска-Кочоска, документ ги демантираше нејзините лаги

Скандал во скандалот: Ангеловска лажеше дека не забранила комуникација со Димитриеска-Кочоска, документ ги демантираше нејзините лаги

Скандал во Министерството за финансии. Министерката поставена од СДСМ, Нина Ангеловска им забранила на вработените да комуницираат со дополнителната заменик-министерка во техничката Влада, Гордана Димитриеска-Кочоска. Поголемиот скандал е што Ангеловска ја демантираше информацијата за забрана за комуникација, за да на крај испадне дека некој лаже.

Што реално, се случувало во министерството?

Вистината е дека со цел да прави опструкции, Ангеловска дури назначила и лице преку кое ќе се одвива комуникацијата со Димитриеска-Кочоска и нејзиниот кабинет.

Ваквото нејзино самоволие наиде на остри осуди, па Ангеловска побрза да се оправда, но нејзиното оправдување беа лажни тврдења.

„Секоја комуникација и барања упатени од дополнителниот заменик-министер или член на неговиот кабинет кон поединечни вработени во одредени сектори мора прво да бидат одобрени од раководител на сектор и/или државен советник, а раководителот на секро/државниот советник треба да има претходно одобрување од кабинет на министер“, пишува во дописот.

Со ова Ангеловска ги принудува вработените во МФ на непослушност, односно да не ги примаат наредбите од дополнителната заменик-министерка Димитриеска-Кочоска без претходно таа да ги одобри.

Со ова, всушност вработените се принудени да прават кривично дело, а од друга страна, се саботира работата на Димитриеска-Кочоска.

Во согласност со Законот за Владата и Пржинскиот договор, дополнителниот заменик-министер за финансии е изгласан од Собранието и тој има врзан потпис со министерот.

Индикативно е што дописот на Ангеловска доаѓа во време кога постојат сериозни сомневања за работата на Министерството за финансии, за распределба на буџетските средства за предизборни поткупи. Што и да сака да сокрие Ангеловска заобиколувајќи ја Димитриеска-Кочоска, претставува кривично дело, а нејзиниот потпис го прави ништовен, зашто од 3 јануари ниту еден документ потпишан од Ангеловска нема моќ ако го нема потписот на нејзината заменичка.

Димитриеска-Кочоска: Забраната за комуникација само го потврдува стравот од разобличување на вистината

По информациите во јавноста дека од страна на кабинетот на министерката за финансии Ангеловска е испратен меил во кој има насоки како вработените да комуницираат со дополнителната заменик министерка, Димитриеска-Кочоска излезе со своја реакција на социјалните мрежи.

-Забраната за комуникација само го потврдува стравот од разобличување на вистината. Дополнително, се покажува вистинското лице и однос кон вработените кој имено Владата веќе три години го практикува. Едно е јасно, Вие вака се однесувате кон вработените во Министерството, а СДСМ кон сите граѓани на Република Македонија.

Почитувани вработени, Ве охрабрувам да бидете слободни во комуникацијата со мене, во мене имате чесен соработник. Ние заедно ќе го унапредиме работниот процес и ќе создадеме средина во која одлично ќе комуницираме. Бидете сигурни дека времето на притисоци и забрани завршува!

А верувам дека бргу ќе се дознае и што е тоа што Власта не сака да се знае и какви параметри се сакаат да се сокријат, напиша на Фејсбук, заменик министерот за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Ангеловска се правда, документите ја демантираа

Од Министерството за финансии демантираат дека министерката за финансии Нина Ангеловска испратила, како што велат, cкaндaлoзeн допис до вработените во Министерството за финансии, со кој им забранува да комуницираат со дополнителната заменик-министерка Гордана Димитриеска-Кочоска.

Од Министерството велат дека станува збор за нормални процедури за работа, а не за завера кон дополнителната заменичка.

-Транспарентноста е приоритет на Министерството за финансии и Владата. Од таа причина, а и со цел точно да ја информираме јавноста – ги демантираме наводите изнесени во дел од медиумите дека била „забранета комуникација на вработените со техничката дополнителна заменик министерка за финансии“, велат од МФ.

Но, по правдањето на Ангеловска, документот излезе во јавност и ја демантираше нејзината изјава.

ВМРО-ДПМНЕ: Ангеловска фатена во лага, Заев ја присилил да лаже

Нина Ангеловска е фатена во груба лага. Зоран Заев ја присили Ангеловска да лаже дека не постои документ, со кој таа им забранува на вработените во министерството да комуницираат со Гордана Димитриеска Кочоска. Тој документ постои и е објавен во медиумите, а воедно ви го испраќаме, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Ангеловска и Заев ги тераат вработените да вршат криминал и незаконски активности. Не комуникацијата на вработените со заменик министерот Гордана Димитриеска Кочоска е противзаконски е претставува опструкција на техничката влада и за тоа ќе има одговорност за секој кој нема да ги проследува наредбите. Ангеловска се плаши од функционално министерство за финансии затоа што знае дека на тој начин ќе излезат на виделина сите незаконитости кои ги прават со Зоран Заев, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести