недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Струмичките земјоделци на протест, цената на пролетната зелка паѓа

Струмичките земјоделци на протест, цената на пролетната зелка паѓа

Само што почна откупот на пролетната зелка и веќе се јави проблем. Земјоделците се жалат дека за еден ден  цената од 35 паднала на 30  денари.

Стравуваат дека ова е најава за повторување на сликата од претходните години кога цените секојдневно паѓаа по неколку денари. Ова  беше повод во селото Муртино да организираат масовен собир на кој го изразија нивното незадоволство.

Нивните изјави ги пренесува телевизија Сител

„Стартуваше со триесет и пет денари цената, стартува еден ден и другиот ден паѓа триесет и има најави да падне уште, значи треба да падне дваесет и пет како што кажуваат,а можеби  и дваесет“- вели Славе Најданов – земјоделец.

„Од струмичкиот регион дали има до сега десет камиони излезено. Тек почнуваме со зелката, лани беше почетна цена 45 денари. Сега еве за жал 30, се најавува 25 денари, а се најавува за наредниот понеделник 20, зошто“, вели Драги Памуков – земјоделец.

„Да го повратат конзорциумот и проблемот ќе биде решен“, рече Живко Мицев – земјоделец.

Проблемите  и барањата  земјоделците му ги пренесоа и раководителот на подрачната едница на министерството за земјоделие во Струмица.

Од него  добија ветување дека истите ќе бидат доставени до надлежните, а договорија и формирање на работна група  која ќе оди на средба во владата каде ќе разговараат околу секојдневната осцилација на цените. Доколку не се најде решение најавуваат масовни протести.

Најнови вести