Судењето за случајот „Монструм“ продолжува на 26 август годинава, откако денешното рочиште е одложено поради најавено отуство на надлежниот јавен обвинител. Познавачите на состојбите одложувањето го доведуваат во корелација со аспирациите на Коалицијата Можеме, каде СДСм и БЕСА алудираат и типуваат на албанското население. Повторна пресуда во Монструм, каде сите докази досега водат кон првично осудените и наведуваат дека тие се извршителите на злосторот на Смиљковското езеро, не им одговара на коалиционерите од Можеме, затоа е и префрлено рочиштето за по изборите. Во меѓувреме, тие се во домашен притвор.
Заев и СДСМ го злоупотребија овој случај додека беа во опозиција, за да при сведочењето, Заев покаже дека лажел. Не даде ниту еден доказ кој го најави.
– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат расправата за предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“, ја информираме јавноста дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, расправата насрочена за 06.07.2020 година се одлага. Следната главна расправа е насрочена за 26.08.2020 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.
Предметот „Монструм“ се однесува за убиените момчиња и рибарот на Смилковското Езеро во 2012 година. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
По одлуката на Врховен суд за ослободување на осомничените за масакрот, во 2018 година време кога Заев има апсолутна власт во Македонија, мајките на загинатите деца имале средба со Заев и тој им кажувал дека возилото Опел Омега кое го користеле убијците, било на МВР.
Тогаш, ВМРО-ДПМНЕ обвини: За оваа своја лага сега Заев се вади дека нешто прочитал, па пренел на родителите. Ни доказ, ни истрага, ни бутур, туку имаме безочна лага од Заев со намера да ја дискредитира истрагата и судскиот процес, а само и со цел за ситни политички поени. Сега на јавноста и е јасно зошто осомничените и веќе еднаш осудени за убиството се наоѓаат на слобода и зошто радосно и насмеани си правеа селфи со Заев после неговото сведочење на суд. Зоран Заев прво ќе се соочи со судот на народот на 12 април за овие и за сите останати лаги.
Најавија и дека Заев ќе треба да одговара и кривично заради своевидното попречување на правдата и манипулациите со масакрот кај Смилковско за ситни политички поени.
При своето сведочење во судот Заев не даде ниту еден од доказите кои толку помпезно ги најавуваше во опозиција.
Испадна дека сето било лага, идентично како случајот на Малата Тамара, Никола Младенов, Мартин Нешковски…