вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судот го крши законот со недавање на записникот и снимката од судењето во рок од 24 часа

Судот го крши законот со недавање на записникот и снимката од судењето во рок од 24 часа

Судиите редовно, речиси на секое рочиште против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, го кршат законот кој налага копија од ЦД-то од снименото судење да го дадат на одбраната во рок од 24 часа, а записниците во рок од три дена.

Записниците и снимките наместо во со закон предвидениот рок, се даваат по неколку недели подоцна, некогаш и на самото наредно рочиште кога одбранаат нема време и можност да ги проучи. Со ова се крши принципот на правично судење и еднаквост на оружјата, со што една од странките, во овој случај одбраната, нема можност навремено и под еднакви услови да се подготви.

Такво нешто се случи и на последното судење во предметот ТНТ против Никола Груевски, Миле Јанакиески и други, кога записникот и снимките од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани го добија во моментот кога започна судењето.

Попусти беа барањата на адвокатите, цитирањата и читањата на членови во законот каде јасно и недвосмилено стои кога треба да се дадат записниците, за одбраната да ги анализира и да се подготви за следното рочиште. Ова е суштинско кршење на прават на обвинетите, но судиите се под притисок така да се однесуваат.

Претседателот на судот го толерира ова, а нема реакција ни на Судскиот совет. Обвинетите се жалат на тортура, намерно понижување и нефер и незаконско судење. Сите жалби и законски основани барања на одбранат се одбиваат без размислување. Судот работи по политичка агенда и тоа во време кога СДСМ го менува името на државата и идентитетот на Македонците.

Судиите во недостаток на правни аргументи, а политички притиснати брзо да ги завршат судењата и да ги судат обвинетите, јавно се обидуваат да се пазарат со адвокатите, од типот „јас ќе ви попуштам за ова, ама вие не се буните за тоа“.

Судењата наликуваат на пазар на отворено со непринципиелни и незаконски одлуки и пазарења. Ако не се испазарат, како во случајот со судијата Огнен Ставрев, тогаш следува закана од судијата од типот: „Што и да направите, за се имам лек“. Одговорот на Груевски беше: „Тогаш соопштете ја пресудата веднаш, не не малтретирајте да доаѓаме на рочишта кога веќе имате одлука во Вашата глава“.

Огнен Ставрев е син на поранешниот премиер и претседател на Македонија во време на комунизмот, Драгољуб Ставрев.

Осман Шабани е судија близок на структурите во ДУИ кои се залагаа за коалиција со СДСМ, наместо со ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести