четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судот прави преседан: Антикорупциска утврди конфликт на интереси, директорот на СДСМ не можел да биде и вештак, но судијата игнорира

Судот прави преседан: Антикорупциска утврди конфликт на интереси, директорот на СДСМ не можел да биде и вештак, но судијата игнорира

Судот прави преседан во случајот Топлик по утврден судир на интереси од Антикорупциска комисија во случајот со Борис Тунџев кој во исто време е вештак, но и директор на Катастар.

Судијата Осман Шабани денеска одлучи да не го почитува мислењето на Анткорупциската. Одбраната побара мислење од ДКСК дали Борис Тунџев може да биде вештак во овој случај.

Мислењето на ДКСК беше дека не смее и дека има судир на интереси.

Наградата што би ја добил вештакот, смета Антикорупциска, не спаѓа во приходи кои службеното лице, во случајот директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, може да ги остварува.

Но, за судијата Шабани ова мислење беше неважно и рече дека „Антикорупциска не е надлежна за спроведување на законот“.

Претходно одбраната образложи дека  вештакот мора да биде изземен.

-Ова не е став само на одбраната, туку и на Комисијата за спречување на корупција. И нема врска со тоа дали вештакот има или нема лиценца. Еве има, и што со тоа? Овде има конфликт на интереси, објасни адвокатот Дончо Наков.

Вештачењето на Тунџев ќе биде на седми јули. КУРИР денес побара коментар од Тунџев, но до овој момент одговор немаме добиено.

На оваа тема се огласија и од Коалиција „Сите за правично судење“.

Ја истакна својата загриженост за постапувањето на судечкиот совет во предметот познат во јавноста како „Топлик“ во однос на вештачењето предложено од страна на јавното обвинителство како доказ во постапката.

„Од аспект на начелото на непристрасно водење на судската постапка, судот има обврска да остане и ја задржи улогата на независен арбитар во постапката, при што не смее да зазема страна во текот на истата, односно судот е должен да гарантира еднаков натпревар помеѓу странките во постапката без притоа да биде оставен впечаток кај јавноста дека на една или друга страна во постапка помага да се докаже теоријата на случај која странката ја застапува“, се вели во реакцијата.

Целосниот текст на реакцијата можете да го прочитате на следниот линк

 

Најнови вести