четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судство на колена: ЕУ ќе врши мониторинг на судските процеси за висока корупција?

Познавачите на состојбите, сепак, ценат дека соочени со партизацијата на судството извршена од владата на СДСМ, ЕУ на овој начин директно ќе изврши и засилена контрола на случувањата во судската власт, која очигледно е се само не и непристрасна и објективна.
Судство на колена: ЕУ ќе врши мониторинг на судските процеси за висока корупција?

Европската унија потврди дека се подготвува за мониторинг на судските процеси кои ја опфаќаат високата корупција и организираниот криминал во Македонија. Ова требало да помогне во подготовката за спроведување на најавуваниот ветинг во правосудството, подобрувањето на правдата и враќањето на довербата кај граѓаните, објави „360 Степени“.

„Се надеваме дека овој проект прво ќе му помогне на судството самото да се подобри и да го подобри испорачувањето на правдата, се надеваме дека ќе ја зголеми довербата на граѓаните во судството и нам ќе ни помогне во подобро проценување како да му помогнеме на судството подобро од тоа што го правеле надлежните или ние самите“, додава Жбогар, кој вели дека сепак ќе се внимава да не се наруши принципот на немешање во независноста на судството.

Познавачите на состојбите, сепак, ценат дека соочени со партизацијата на судството извршена од владата на СДСМ, ЕУ на овој начин директно ќе изврши и засилена контрола на случувањата во судската власт, која очигледно е се само не и непристрасна и објективна.

Проектот ќе почнел годинава без да се прецизира датумот на почетокот.

Најнови вести