По скоро три години од настанот, денеска сосема „случајно“ во Кривичниот суд треба да стартува судењето за организаторите на “27 април”. Со овој чин, велат експертите за Курир, судството се „пушта на најјако“ и отворено влегува во кампањата на СДСМ.
Соочени со недостиг на какви и да е резултати освен сменето име на државата, Устав, двојазичност и менување историја во најава, социјалдеморатите ќе играат на картата на враќање на „режимот“, чии дел од замислените експоненти денеска седнуваат на обвинителна клупа.
Така, не случајно, на истата таа обвинитена клупа денеска ќе седнат наводните „организатори“ Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски. Наводно, тие биле организатори на случувањата на 27 април 2017-та, кој настан всушност го изрежираа, испровоцираа, а со тоа и организираа токму СДСМ и нивните експоненти во собрание, се со цел да го прескокнат претседателот Иванов, кој поради Тиранската платформа (тогаш непостоечка за СДСМ, а сега исполнета 98%) не им го даваше мандатот, кој и онака уставно не требаше да се даде втор пат, откако ВМРО-ДПМНЕ не успеја да оформи влада како победник на изборите во 2016-та. ДУИ тогаш не го почитуваа првилото – ПОБЕДНИК СО ПОБЕДНИК.
Преку овој случај, во кој вистинската вина е во оние кои провоцираа, пееја албанска химна среде македонско собрание, а потоа без потребно мнозинство и надвор од деловникот и Уставот изгласаа и избраа неуставен спикер, сега СДСМ ќе враќа спомени за режимот“ на кој и ќе се темели нивната кампања за предвремените парламентарни избори.
Според обвинителството, на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, обвинетите „организатори“ подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство.
Признание дека ова ќе биде највалканата кампања во историјата на државата излезе и од техничкиот Оливер Спасовски и од министерката Радмила Шеќеринска. Недостасуваше уште да признаат кој ќе ја тера таквата кампања во предизборието.