четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сугарески заминува од Царина, влегува во трка за градоначалник на Прилеп

Сугарески заминува од Царина, влегува во трка за градоначалник на Прилеп

„Ми беше чест и задоволство да бидам директор на една ваква институција како што е Царинската управа“, напиша Горан Сугарески од СДСМ на својот Фејсбук профил.

Денес беше неговиот последен работен ден како директор на Царинската управа, откако во меѓувреме беше донесена одлука тој да се  кандидира за градоначалник на Прилеп на локалните избори.

-Почитувани колеги, Искрено Ви посакувам успешна работа во периодот кој следи. Знам дека сите заедно како тим ќе успеете во унапредувањето на институцијата и Царинската управа ќе остане да важи за водечка царина во регионот, целосно усогласена со стандардите на Европската Унија. Ви благодарам на сите за коректната меѓусебна соработка која ја имавме изминатиов период, напиша Сугарески.

Најнови вести