понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Сузе е мојата учителка“ – бојкот во скопска градинка поради смена на воспитувачката

„Сузе е мојата учителка“ – бојкот во скопска градинка поради смена на воспитувачката

Родители чии деца одат во градинката ,,Кочо Рацин“ во Скопје се револтирани од начинот на кој е извршена кадровска промена во градинката, а при тоа не се земени во предвид мислењето на родителите и најдобриот интерес на децата согласно член 3 од Конвенцијата за правата на детето, соопштија од Првата детска aмбасада во светот – Меѓаши.

Од Меѓаши потврдуваат дека повеќето родители ги бојкотираат на своја штета и на штета на децата посетата, воспитувањето и згрижувањето на своите деца како знак на револт и директна поодршка на воспитувачката Сузана Чурлинова од која се презадоволни и сметаат дека е вистинско кадровско решение за воспитување и згрижување на нивните деца како и на самата градинка. Оние родители кои немаат можност за чување, ги испраќаат своите деца со порака на ранче, а согласно емотивните ставови на децата, кои си ја бараат својата воспитувачка со која се емотивно поврзани.

Од „Меѓаши Македонија“ информираат дека на прес-конференцијата закажана за утре (15 јануари) покрај претседателот и основач на Детската амбасада, ќе се обратат и родители на деца кои ја посетуваат градинката „Кочо Рацин“.

Според член 3 од Конвенцијата за правата на детето, во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, судовите, административните органи или законодавни тела.

Најнови вести