сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сведок: Чекајте апсење на Катица Јанева

Сведок: Чекајте апсење на Катица Јанева

Новинарот Саше Димовски, кој со години пишува за аномалиите во судството, на порталот „Сведок“ објави коментар „Кичевски, какви цигари пушиш, да ти испратам во притвор да не ти е досадно?“.

Димовски ја објаснува својата врска со Зоки Кичеец, за кого вели дека ги поминал сите црвени линии во обидот да дојде до новинарот и да „го замоли за услуга, да ја избрише веста или Фејсбук постот“.

Димевски во својот текст најавува апсење на Катица Јанева.

Ви пренесуваме краток дел од текстот, а целиот текст можете да го прочитате на „Сведок“.

Сега е јасно, милионите им биле заедничкиот интерес, но и позицијата на сведок во СЈО што му ја додели Лиле Стефанова во тој предмет, а пред која, како што ми тврдат од СЈО, Зоки Кичевски тврдел работи и во време кога не бил роден, пропеал се, набедувајќи ги Сашо Мијалков и Орце Камчев.

Сега Зоки Милевски, алијас Кичевски е во притвор. Искрено, немав намера да се занимавам со него, но кога го видов синоќа како поминува покрај мене пред суд со лисици на раце, не можев да одолеам да прашам што цигари пуши? Ветувам, ќе му пратам по адвокатката Сања Алексиќ која го брани, како поздрав од мене. За неговата упорност да влијае врз мене!

Ама, како што ви реков, не сум јас Катица Јанева! При последниот обид да ме замолчат, ноќта од 1 до 4 утрото имав над 30 повици, кои уште поинтензивно продолжија и на денот на мојата операција од еден куп телефони.

Сега Зоки и Боки кои рекетирале во име на Катица Јанева се во 30 дневен притвор. Знаејќи колку се мажи, убеден сум дека ќе пропеат и ќе кажат кој колку пари добил од земените 1.5 милиони евра. Затоа, чекајте апсење и на Катица Јанева. Оставката не ја спасува, а падот на Јанева која ја урна вербата во некаква правна држава и владеење на правото е чекор кон паѓање на Владата на Заев и распишување на предвремени избори.

Извор: Сведок.мк

Најнови вести