Владата на директен начин денеска грубо се вмеша во работата на судството, коментирајќи дека мерката притвор определена за лице кај кое била пронајдена дрога и која препродавала на зависници во Скопје, е „престрога мерка“, пишува порталот Сведок.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција соопшти дека одлуката за притвор од 30 дена за Моника Ристевска за Владата делува престрого во однос на стореното дело наместо да се огради од случајот и да каже дека Владата нема надлежност да се меша во судските постапки и посебно во одлуките на судиите.
– Сакаме како Влада да укажеме дека мора да се почитуваат законските прописи и дека Македонија е држава која се темели на владеење на правото. Владата како за сите други прашања, така и за ова е отворена за дискусија со сите заинтересирани страни, рече Бошњаковски, пренесе Канал 5.
Јавното обвинителство пак соопшти серија настани поврзани со притворената Ристеска, за тоа каде и кога кај неа биле пронајдени наркотични средства, како и обезбедени сведоци на кои таа им продавала.
Целиот текст може да го прочитате на СВЕДОК