понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сведоштво на нападнатото момче во Тетово: Го искина флаерот, ми замавна со тупаница и ме удри со нога во грб

Сведоштво на нападнатото момче во Тетово: Го искина флаерот, ми замавна со тупаница и ме удри со нога во грб

Делевме флаери „Бојкотирам референдум“ со мојот другар, бидејки нели тоа е наше демократско право. При делењето мојот другар кога подаде флаер на еден дечко кој пред него го искина и вербално го нападна, јас отидов да видам што се случува, секако во одбрана на другар ми, истиот човек ме нападна и мене прво со тупаница ми замавна, а потоа со нога ме удри во пределот на грбот. За среќа дојде негов познаник и ја смири целата ситуација. Ние подоцна дознавме дека станува збор за лицето Силвио Аврамовски, советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Случајот го пријавивме во полиција, а немилиот настан се случи кај зеленото пазарче во Тетово денеска во 11:50 часот, вели за „Република“ еден од нападнатите момчиња.

Инаку две момчиња кои делеле флаери за референдумот биле физички нападнати денеска во Тетово, објави порталот НетПрес.

Како што стои во текстот ова е првиот насилен инцидент во врска со претстојниот референдум во недела. Од МВР засега не објавуваат никакви детали околу случајот, ниту дали е приведен сторителот на насилството.

Од редакцијата на Нетпрес се обратиле до МВР и официјално да побараат информација, но се уште нема никаков одговор од таму.

Според информациите кои ги објавува Нетпрес, советник од кабинетот на премиерот Зоран Заев ги забележал двете момчиња во близина на зелениот пазар во Tетово, по што им се приближил и физички ги нападнал. Инцидентот се случил околу 11.30 часот пред ординацијата „Аполон“ каде што момчињата делеле пропаганден материјал околу референдумот. Напаѓачот првo им го одзел материјалот, па потоа им се заканил. Во еден момент тргнал и физички, со тупаници да нападне едно од момчињата, по што му задал удар со нога во грбот.

Како што пренесува Нетпрес случајот околу пладне бил и пријавен во тетовската полиција, а момчињата биле упатени да извадат лекарско уверение.

Најнови вести