Пациент кој пред извесно време бил хоспитализиран во Ковид-центар на една од скопските клиники раскажува за неговото искуство и условите во болниците. Иако сегашната состојба со новозаболени и хоспитализирани е смирена, оние кои биле претходно хоспитализирани сега ги кажуваат своите искуства кои само ги потврдуваат лошите услови во здравството.
Зоран, одговарајќи ја прашање во Фејсбук групата „Ковид-19 Искуства и совети“, сведочи дека на Клиниката за ОРЛ немало техничка поддршка за пациентите, пациенти ја губеле битката за живот, а здравството е во, како што вели катастрофален колапс. Пациентот додава дека сега се соочува со проблеми околу термините за понатамошните постковид прегледи, за кои истакнува дека ги нема во системот. Поради низата пропусти тој вели дека министерот за здравство Венко Филипче треба да се најде на обвинителна клупа.
-Имате голема среќа што неспособниов Филипче ги укина дополнителните ковид центри. Затоа што тоа беа мртовечници, јас бев пациенти во ОРЛ од ден на ден ми беше се полошо за неполни 3 дена колку што бев таму изнесоа 4 црни вреќи. Бев сведок на човекот до мојот кревет како умира затоа што немаа никаква техничка поддршка, немаа ниту една машина за механичка вентилација. Имаа само кислород од 5 литра во минута тоа им помагаше на полесно болните и успеваа да се извлечат. Едноставно бевме оставени Господ да ни се смилува. Ете такви беа тие Ковид центри затоа постојано повторувам Филипче треба да седне на обвинителна клупа и да му се суди.
Инаку за инфективно сум слушнал дека е опремена со сите технички ресурси и би требало да се указе соодветна помош. Господ нека ви е на помош. Јас морав да дадам баснословна сума на пари и животот да ми го спасат во Жан Митрев. Здравството ни е во еден голем катастрофален колапс, на Мој Термин за сите поважни клиники Кардиологија, Пулмо и мн други нема термин.
Јас прележав тешка форма на Ковид верувајте ми мака мачам да извадам упати за преглед и снимање. Ги измалтретирав сите блиски познаници, роднини, пријатели барајќи врски. Замислете едвај влегов во Заводот за рехабилитација во Капиштец нормално со врски.
Се запрепастив кога видов што се случува на спратот каде што е капацитетот околу 35 кревет, бевме вкупно сместени 17 пациенти. Тоа го констатирав кога еден ден ни ја донесоа вечерата и поради недостаток на персонал, вечерата стоеше половина час во ходник немаше кој да ни ја подели и тогаш искористив можност да ги избројам порциите имаше само 17 порции знаци за 17 пациенти.
Ајде сега објаснете ми во што е проблемот работат со пола капацитет, а луѓе мака мачат да влезат во тој завод, на Мој Термин нема никаков термин, сега не знам како е зборувам конкретно за пред 15 дена што се случува бре со ова наше скапано здравство. Треба некој дебело да поднесе одговорност, што прави Филипче со сила се прави луд.
Здравството е во катастрофална состојба не дај боже човек да се разболи. Па 30 години секој месец ми одземаат од бруто платата за здравство како една од најголемите ставки. Страшно тој што немал мака по болници нема поим што се случува, го раскажува своето искуство пациентот, раскажува за личната голгота Зоран.