Студентот Ѓорѓи Стојков од Кавадарци го фати Светиот крст во реката Луда Мара на денешниот верски празник Богојавление-Водици.
Тој има дваесет години, појасни дека ова му било втор обид и изрази задоволство што успеал.
– На сите верници им посакувам здравје и среќа. Благослов, бериќет и се најдобро. За многу години, Бог се јави, рече тој.
Отец Мартин Деневски се заблагодари што се повеќе и повеќе се полнат храмовите и изрази надеж дека пандемијата од коронавирус ќе ја снема за брзо време.
Стојков доби пригодни подароци.