среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СВР Тетово со нов превентивно-едукативен проект: Деветодделенци поблиску се запознаат со детските права и обврски, но и последиците од малолетничка деликвенција

СВР Тетово со нов превентивно-едукативен проект: Деветодделенци поблиску се запознаат со детските права и обврски, но и последиците од малолетничка деликвенција

Секторот за внатрешни работи Тетово неделава започна со практична имплементација на нов превентивно-едукативен проект „Децата, правата и обврските“, чиј носител е Отсекот за превенција.

Со овој проект ќе бидат опфатени околу 2300 деветодделенци од над 70 основни училишта на тетовското и гостиварското подрачје кои следат настава на македонски, албански и турски јазик.

-На посебни часови во училиштата стручно обучени полициски службеници поблиску ги запознаваат учениците со детските права и обврски, во семејството, училиштата и општеството, кои произлегуваат од домашни и меѓународни договори и конвенции. Покрај тоа, основците се информираат и за тоа – што претставува малолетничка деликвенција и за други девијантни појави, асоцијални постапки, но и за можните законски импликации доколку се инволвираат во истите, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Истакнува дека целта на проектот кој се планира да заврши до крајот на март годинава, е деветоооделенците да знаат кои се нивните права, но и какви можат да бидат законските последици ако иницираат или непосредно учествуваат во незаконски појави и постапки.

Најнови вести