понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Така лажеше Филипче: Ниту има членство во ЕУ, ниту бесплатно здравство

Така лажеше Филипче: Ниту има членство во ЕУ, ниту бесплатно здравство

„Членство во ЕУ за бесплатни здравствени услуги низ цела Европа. Излези за европска Македонија“, вака власта предводена од СДСМ ги манипулираше и лажеше граѓаните пред две години кога се одржа и референдумот за промена на уставното име на нашата земја.

Иако поминаа две години од тогаш, Македонија ниту е влезена во Европската унија, ниту државата може да им дозволи на граѓаните бесплатно здравство во нашата земја, а камо ли во Европа, како што манипулираа самите.

Доказ дека власта не може да им пружи помош на граѓаните е коронавирусот кој буквално коси низ светот, а имуна не е ниту Македонија која е лидер во регионот, но и Европа по бројот на смртни случаи и новозаболени.

Со бесплатното болничко лекување јавноста ја манипулираше и лажеше и Зоран Заев на парламентарните избори во 2016 година кои требаше да донесат „живот за сите во Македонија“.

Сепак, иако тој ветуваше брда и долини за сиромашните македонски граѓани и бесплатно здравствено лекување, фактите говорат нешто друго…

Граѓаните наместо бесплатни лекување, тие од само првата тура на бесплатни ПЦР брзи тестови на државата ќе и искешираат милион и шестотини денари, додека маржата помеѓу продажната и набавната цена е дури 400 денари.

И додека македонските граѓани умираат бидејќи нема кој да им помогне при лекувањето од коронавирусот, или не можат да си дозволат приватно лекување, граѓаните во Словачка беа тестирани бесплатно од државата.

Додека граѓаните кај нас собираат донации за лекување, милионската држава успеа за викенд да тестира дури повеќе од 3,6 милиони граѓани, додека кај нас наместо тестови, власта пребројува мртви.

Во тестирањето во Словачка учествуваат повеќе од 40.000 лекари, војници, полицајци, административни работници и волонтери вршат тестови на околу 5.000 локации.

Сепак иако Македонија е далеку од Словачка, на крајот останува едно… граѓаните да се молат само на Бога за нивните животи, додека ветувањето за бесплатно здравство на Венко Филипче и Зоран Заев ќе остане само една ГОЛЕМА ЛАГА.

Најнови вести