недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Таравари: Да се повлече указот за Фрчкоски за амбасадор во ОН

Таравари: Да се повлече указот за Фрчкоски за амбасадор во ОН

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, денеска на прес- конференција во Гостивар, се осврна на именувањето на Љубомир Фрчкоски за амбасадор на Македонија во ОН во Њујорк и побара од претседателот државата Стево Пендаровски да го повлече указот.

-Овој указ низ мрак на претседателот Пендаровски е невиден дипломатски скандал и навреда за повеќето граѓани, од повеќе причини. Првата се однесува на политичкиот ангажман и длабоко антиалбанскиот пристап на Фрчкоски, оцени Таравари.

– Затоа го повикуваме претседателот Пендаровски, ако по секоја цена сакаат да го направат Фрчкоски амбасадор, единственото место каде што овој поединец би бил прифатлив е Путиновата Москва, но во никој случај престолнините на нашите западни сојузници, рече Таравари.

 

Најнови вести