среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Таравари: И пратеници од СДСМ имаат интерес, новото мнозинство ќе прерасне до 64-65

Таравари: И пратеници од СДСМ имаат интерес, новото мнозинство ќе прерасне до 64-65

Ние од синоќа имаме ново мнозинство за недоверба на оваа Влада, но практично овие денови преговараме со уште неколку пратеници и се надевам дека ова мнозинство за неколку дена ќе прерасне во бројката 64-65, најави генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

-Има интерес од повеќе пратенци коишто се членови на СДСМ, што се незадоволни од криминалното владеење на СДСМ и ДУИ. Имаме и други пратеници коишто се дел од мнозинството и мислам дека треба да се случи промената и државата да почне да чекори кон прав пат, да се декриминализира, истакна Таравари на Канал 77.

Тој додаде дека траењето на оваа Влада би била околу година и пол, со цел прво да се расчистат и декриминализираат институциите од ДУИ, па дури потоа, според него, може да се организираат фер и демократски избори.

Најнови вести