петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Таравари: Каква е таа логика воведување на полициски час во 22 часот, а рестораните работат до 21 час

Таравари: Каква е таа логика воведување на полициски час во 22 часот, а рестораните работат до 21 час

Значи обично Комисијата за инфективни болести треба да донесе превентивни мерки, пред да се развие третиот бран, тогаш треба да се донесат одредени мерки. Јас гледам дека нашето министерство за жал ги копира прес конференциите на министерството за здравство во Србија. Значи пред четири дена излегоа во Србија и го кажаа истото, утредента излегоа во Скопје и го кажаа истото. Еден мој пријател напиша на фејсбук, се молиме во Белград и Зрењанин да не се покачат бројките повеќе, инаку ќе не стават во целодневен карантин, што не е во ред. Требаше полициски час да се случи можеби пред или по Нова година“, истакна Арбен Таравари во јавување за „Утрински Брифинг“.

Таравари додаде дека за превенирање оваа мерка е доста задоцнета.

-Вие имате коцкарници и обложувалници кои што работат и по 12 часот ноќеска, што не е во ред, а од друга страна се воведува полициски час кој ќе започнува од 22 часот. Јас не знам каква е таа логика воведување на полициски час во 22 часот, а рестораните работат до 21 час, запраша Таравари.

Таравари посочи дека срамота е министерство за здравство да копира мерки на соседни држави. Зар министерот не може да смогне сили и да каже дека треба да се почитуваат мерки, а не да се копираат мерки на соседни држави.

-Министерство за здравство и Комисија за инфективни болести треба да има свои автентични правила кои што нема да бидат копирани од некоја друга соседна држава“, нагласи Таравари.

Најнови вести