четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Таравари одлучи парите за осветлување за Нова година да ги донира на Центарот за аутизам

Таравари одлучи парите за осветлување за Нова година да ги донира на Центарот за аутизам

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари преку објава на својот фејсбук профил посочи дека буџетските пари, што се определени за украсување за Новата година, ќе ги донира во Центарот за аутизам, кој се гради во Гостивар.

„Горд сум, што можам да соопштам дека буџетските пари за светлосно украсување на градот по повод новогодишните празници јас и мојот тим планираме да ги подариме таму каде што е најпотребно, во Центарот за аутизам, што се гради во градот. Верувам дека секој ќе биде согласен оти ќе го избегнеме јавното украсување за Новата година, така ќе заштедиме енергија, но над се ќе придонесеме таму каде што има повеќе потреба, како што е Центарот за аутизам.

Најнови вести