Брутално победивме со над 5.000 гласови, а веќе од утре почнуваме преговори за формирање ново парламентарно мнозинство, рече кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој вечерва прогласи победа.
-Јас добив 18.000 гласови, а господинот Али Ахмети доби само 12.000 гласови. Во првиот круг победивме со разлика од 2.500 гласови, сега победивме со над 5.000 гласови. Ако сакаат, тука сме да одиме и во трет круг. Се надевам дека уште утре ќе започнат преговорите за формирање нова влада, бидејќи СДСМ и ДУИ веќе немаат кредибилитет – рече Таравари.