петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Таравари разочаран од Владата: Цело време се говори за децентрализација, а се носат закони за централизација на образовните и здравствените институции

Таравари разочаран од Владата: Цело време се говори за децентрализација, а се носат закони за централизација на образовните и здравствените институции

Утринава во „Утрински брифинг“ свое јавување имаше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари кој што посочи дека, за жал, оваа Влада наместо закони за децентрализација носи закони на централизација како на образовни и здравствени институции.

-Јас на почетокот бев огромен оптимист бидејќи премиер тогаш ни беше еден бивш градоначалник и мислев дека ќе направи одредени чекори во правец на децентрализација. Меѓутоа тоа остана само демагогија. Тоа остана само продавање на магла, дека ќе направиме, ќе се почне со децентрализација, меѓутоа се уште сме во првиот стадиум, појасни Таравари.

Таравари додаде дека во Гостивар има одредени објекти посебно културни кои се уште не се под ингеренции на општината.

„А, да не се говори и за новите закони за здравствена заштита, новиот закон за образование кој што цело време се говори за децентрализација, а тие закони за жал се централизација на образовните и здравствените институции“.

Најнови вести