Видовме обид на неколку функционери да си дадат морална оставка и повторно тие што даваат оставка организираат директори и вработени да собираат потписи, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во “Тема на денот“ во дневникот на Сител телевизија.
Тој додаде дека власта сега се обидува да го релативизира целиот несреќен случај.
-Власта е во обид да ја релативизира несреќата во Тетово, дека можно е да се случи. Може да се случи земјотрес, поплава, дури и тогаш треба да има превентивни мерки. Но кај нешто што се изградило и не ги исполниле основните услови и стандарди и потоа имате 14 изгорени тела, па барем ако постои минимум морал ќе има оставки, истакна Таравари.
Тој додаде дека бесмислено е собирањето на потписи и убедувањето на јавноста дека доколку не се тие функционери ќе биде крај на светот.
-Каква хипокризија. Навикнати сме да не давате оставки, не мора да организирате некој да ви собира потписи. Ако имате одговорност кажете пријатно си одам или продолжете да работите. Таравари нагласи дека експертите кои дојдоа од Германија треба да ги однесат и во другите болници да ги видат условите и да видиме потоа заклучок. Целата ситуација е апсурдна, одговорните институции ќе кажат дали се или не се виновни, но треба и да се види да не се случи ова повторно. Таа комисија ако оди во другите болници ќе каже дека се полоши отколку ветеринарните служби во ЕУ, рече тој.