Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл Македонија во гостувањето на Радио Лидер зборуваше за актуелната тема во вчерашниот извештај на Транспаренси Интернешнл за индексот на корупција, според кој Македонија го доби најлошиот резултат откако се мери во земјава.
Тасева по вчерашните обвинувањата дека појасни Транспаренси Интернешнл Македонија е национален огранок на поголема светска коалиција на невладини организации, а има 120 членкки, кои што работат како локални невладини организации, меѓутота индексот за перцепција на корупција се подготвува исклучиво од страна на Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл кој се наоѓа во Берлин.
Таа појасни дека националните ограноци воопшто не се вклучени во формирањето на реултатите за индексот за перцепција на корупцијата.
-Ние резултатите ги добиваме со ембарго кога може да бидат затворени и со назнака кога може да се објават. Ние воопшто не учествуваме во нивното подготвување. Затоа сметам дека тоа е еден спин или една шпекулација којашто им одговара на сите коишто се на власт. во тој период кога индексот не е поволен, да обвинат некого којшто е тука локално и којшто ја пренесува пораката. Ние сме едноставно пренесувачи на порака од глобалната организација на Транспаренси Интернешнл, рече Тасева.
За обвинувањата дека организацијата ја креирала лошата слика во извештајот таа рече дека Транспаренси Интернешнл е постојано на другата страна од власта.
-Тука сме да делуваме како конторлор на власта. Нашата работа ако сакаме да останеме објективни е објективно да ја следиме работата на секоја власт. Политичарите кога се на опозиција ни се многу добри пријатели, потоа работите се менуваат, додаде Тасева.
За формирање на овој индекс за перцепција на корупцијата сите информации може да се најда на веб страната на Транспаренси Интернешнл. Користени се 13 различни истражувања коишто ги правата реномирани организации, вклучително и Светската банка, Економскиот институт, Економик интелиџенс институт, Фридом хаус, Глобал инсајт институтот, Бретлсман фондацијата, Светскиот економски форум, проектот за светска правда и заштита на владеење на правото. Тоа се реномирани организации кои спроведуваат истражувања коишто се со веќе верифицирана и утврдена методологија.
Во однос на изјавата на вицепремиерот Љупчо Николовски вели дека овој извештај е само перцепција на граѓаните, Тасева посочи дека граѓаните не се прашувани.
-Најголем дел од истражувањата, а се вкупно 13, за Македонија важно е дека од тие 13 за државата што се рангира треба да постојат најмалку три во последните две години. Во случајот за Македонија се седум истражувања. Дури ни аргументите дека ова се состојби од порано не се издржани затоа што зборуваме за резултати од 2019 и 2020 година. Прикажуваме и какви се движењата на тие истражувања во секоја година одделно, за да се види како се движиме на сите овие параметри од истражувањата. Во најголем број од случаите економските истражувања кои се земени во предвид се спроведуваат истражувања со анкети на лица и компании кои не мора да работат во Македонија, но имаат контакт со Македонија, со законите и со властите, рече Тасева.
Таа потенцираше дека се работи за истражување кое не е перцепција на граѓаните, туку се работи за статистика, се анализираат случаи, се прават анкети со луѓе коишто имаат контакт директо со таа држава којашто е опфатено со индексот за перцепција на корупцијата.