Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл во своето гостување во „Студио 10“ зборуваше за последниот скандал во „Ла Верита“ околу набавката на вакцини и посочи дека сето тоа што се случува не е добро за државата. Според неа сето ова треба да се врши на транспарентен начин затоа што станува збор за трошење на јавни пари.
-Сите овие информации не се добри, сите овие случувања не се добри затоа што зборуваат за еден многу неорганизиран процес за набавки на вакцини кои што се приоритетни за било кој дел од активностите на Владата и во однос на организирање внатре во владата, комуникации со меѓународни организации, комуникации со странски држави и начин на кој треба да се обезбедат тие вакцини треба да биде многу транспарентно пред се затоа што станува збор за висок интерес на граѓаните и станува збор за трошење на јавни пари. Дали било во ред да се нарачуваат вакцини преку приватни компании или преку посредници во ситуации кога можело да се направи директен контакт со државите кои се подготвени меѓусебно да помагаат за вакви ситуации, а особено со државите со кои имаме дипломатски контакти, имаме дипломатски претставништва во нашата држава, друго е да кажеме немаме контакт, немаме дипломатско претставништво, немаме со кого да работиме мора да одиме со посредници, така да ова целава ситуација создаде една непријатност и во државата и кај граѓаните што се случуваа воопшто со набавките на вакцините, рече Тасева.
Тасева во своето гостува укажа дека според целата ситуација се поставува и прашањето дали и набавките на вакцини ќе се злоупотребуваат за да се оствари некаков профит.
Во позадина се гледа и прашањето дали и набавките на вакцини ќе се злоупотребуваат за да се оствари некаков профит или интерес што апсолутно треба да се расчисти и на тоа треба да инсистираат владата и институциите да одговорат на сите овие прашања и да ни ги тргнат сите овие дилеми, додаде Тасева.