понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Татеши: Не смееше луѓе од црвените зони со коронавирус да влезат во Македонија без контрола

Татеши: Не смееше луѓе од црвените зони со коронавирус да влезат во Македонија без контрола

Докторот Беким Татеши во „EU Click“ на ТВ21 вели дека Државниот здравствен инспекторат не смеел да дозволи влез на наши граѓани од црвените зони со коронавирус.

-Мене ме мачи тоа како Државниот здравствен инспекторат дозволи луѓето кои доаѓа од црвените зони во Италија, влегуваа во Македонија без контрола од аспект на тоа дека не пополниле формулари и замислете тие потоа отишле во своите населени места. Како што се случи со случајот „нула“, кој беше на 25 февруари. Пациентката со својот сопруг отишла во Дебар и сега следува вториот проблем – нивната средба со семејниот лекар. Лекарот ги третирал за сезонски грип што е, не можам да ја наречам грешка, но тоа покажува дека од Министерството за здравство вертикално не се пренесени потребните препораки за да ги почитуваат семејните лекари кои се првата колона на здравствената заштита, рече Татеши.

Најнови вести