недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Таткото и двете деца, македонски државјани, безбедно ја напуштија Газа

Таткото и двете деца, македонски државјани, безбедно ја напуштија Газа

Министерството за надворени работи информира дека вчера тројца државјани на Република Северна Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Северна Македонија.

Со нив, преку Рафах се евакуирала и мајката на децата, која има палестинска патна исправа.

-Во Газа има уште двајца наши граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуација, но нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка кој дел од Газа е најпогоден, а со тоа и потребата за итна евакуација на странските државјани.

Министерството за надворешни работи преку својата дипломатска мрежа во Каиро и Тел Авив останува во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани до завршување на целосното евакуирање на нашите граѓани, се наведува во соопштението на МНР.

Најнови вести