По долго боледување, денес во Демир Хисар на 71-годишна возраст почина Наќе Стојановски, роден во крушевското село Растојца на 7 април 1950 година.
Дипломирал на Правниот факултет при државниот универзитет “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Наќе Стојановски беше пратеник во Собранието на Македонија во три мандата: 1990-1994 година, 1994-1998 година и 1998-2002 година од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Во еден мандат Наќе Стојановски беше директор и на Централниот регистар на Македонија.
Наќе Стојановски беше член на Комисијата за уставни прашања при Собранието на Македонија и член на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Хрватска.