среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Телефонски разговор Мицкоски-Пендаровски, прифатена лидерска средба за одложување на изборите

Телефонски разговор Мицкоски-Пендаровски, прифатена лидерска средба за одложување на изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со претседателот на државата Стево Пендаровски, дознава Курир.

Во разговорот Мицкоски ја истакнал потребата од свикување на лидерска средба од страна на претседателот на која ќе се разговара за одложување на парламентарните избори закажани за 12 април со цел заштита на граѓаните, а поради новонастанатата ситуација со коронавирусот и мерките кои се спроведуваат.

Како што неофицијално дознава Курир, барањето за свикување на лидерска средба било прифатено и истата ќе се одржи утре во претпладневните часови.

– Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо, напиша денеска меѓудругото Мицкоски на Фејсбук.

Најнови вести