Две лица вчера физички пресметале во подрумските простории на Владата на Република Македонија.
-Околу 11.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во подрумските простории на Влада на Република Македонија, во пералните, М.Д. (34) и А.Н.(40), вработени во пералната односно во СОЗР, по меѓусебна вербална расправија физички се пресметале, информираат од МВР.
Од полицијата додаваат дека се работи на расчистување на случајот.