Вчера во Тетово од страна на група лица е претепан Стојко Пауноски, поранешен пратеник од редовите на владејачката СДСМ, информира порталот Магазин.
Стојко Пауноски кој живее кај Офицерските згради во центарот на Тетово, вчера вечер околу 20 часот повикал сообраќајна полиција откако имал расправија од соседното кафуле кои му го блокирале возилото пред зградата и не сакале да се препаркираат. Порталот пишува дека расправијата и тепачката биле на етничка основа.
-Откако завршила таа епизода, поранешниот пратеник си заминал во неговиот дом. Нешто после полноќ истата група пред зградата го чекале и го нападнале неговиот син, кој се уплашил и викал за помош. Неговиот татко, Стојко Пауновски од терасата го видел тепањето на својот син и веднаш се симнал да го брани, но групата неиндетификувани лица ги претепале и двајцата по што избегале во непознат правец, пушува порталот.
Околу 1 часот по полноќ Пауновски и неговиот син пристигнале во градската болница каде што им била укажана медицинска помош и констатирана тешка телесна повреда на скршени коски и течки набиеници.
Случајот во полиција бил пријавен околу 04 часот сабајлето но досега, засега нема приведени лица за инцидентот