Со министерување во Министерството за здравство кое попрво би го нарекол Министерство за смрт, со етаблирање на ВМРО-ДПМНЕ во диктаторска партија за што тој е најдиректно заслужен, со прифаќање на условите во Пржинските договори, со поднесувањето на оставка од функцијата пратеник на која беше избран од граѓаните и ја изневери нивната доверба, кога на Македонија и беше најтешко…
Никола Тодоров сака да се “опере” себеси повторно преку ВМРО-ДПМНЕ. На грбот на репресираните членови на ВМРО-ДПМНЕ експертот-адвокат-политичар-колумнист се нуди во јавност да ја уредува иднината на Македонија и Македонците.
Никола Тодоров повторно зборува од име на партијата во прво лице множина придавајки си себеси својства на лидерство и визионерство. Никола Тодоров сега пак се идентификува вмровците, кои сега се прогонети, уценети и притиснати членови кои никогаш не потклекнаа под наездата на пакост на Зоран Заев, како што тој кукавички побегна. Се поистоветува со вмровци кои никогаш не биле со менталитет како неговиот. Од таква позиција Никола Тодоров кажува како ЌЕ сме биле заедно учесници во некакво негово “визионерско” сценарио за пропаст на државата, доколку не сме ја погледнале историјата во очи.
Која историја визионеру Николче Тодоров?
Таа ли историја во која ти хараше низ државата цели 6 години ветувајки благодети за напатениот народец од кои потоа остана само пепелта од “животот” на Зоран Заев? И сега пак најавуваш пропаст ако не било така како што ти ќе кажеш…
Пази внимателно: Ако не е така како што Никола Тодоров кажува значи ќе имало пропаст на државата.
Тоа е тој егоистичен, диктаторски менталитет поради кој ВМРО-ДПМНЕ беше срушена од власт во 2016 година. Тоа е таа нетолерантност и самобендисаност на Министерот за сФе кој доаѓаше во кампањи со потсмев гледајки на активистите и обичните члњнови кои требаше да гласаат за тој да се вгнезди во министерската фотелја.
Одбиј Никола, одбиј. Доволно те знаеме… и јас и сите оние граѓани кои ги мавташе со твојата привидна демагогија на мало диктаторче.
Македонија ќе ја претрга и оваа голгота со Зоран Заев во која ти си еден од виновниците за се што се случи.
ВМРО-ДПМНЕ е обединето како никогаш до сега. Обединето заради идеологија, за подобро утре на Македонскиот народ. Ти, Никола Тодоров касниш 4 години со твојот повик за обединување!
Колумна на Кирчо Анастасов за Брегалнички.мк