среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Државничка пародија: Извонредно „вонредно“ обраќање на Таче

Ве тера да се запрашате, што толку многу стезгрешиле, та во ваква светска воена криза, на работ на Трета Светска Војна, да имате збунка премиер кого колегите без пардон го сечат од фотографии, одбраната да ви ја води Славјанка Лажни Вести, дипломатијата Бујар кој пола време лета орлиња со Артан, МВР Оливер кој „у меџувремену“ гарант продал уште 100 пасоши на мафијаши, искомбинирани со Љупче Путерот, преЦедник ни Стево ни Девојка, Бојан Неправда, доктор Сали, Бисера Скафандер и останатата банда за која Далтонови се светол пример за чесност, родољубивост и способност...
Државничка пародија: Извонредно „вонредно“ обраќање на Таче

Верувале или не – Таче се јави, навистина се јави. Овојпат, за промена, на фотографијата имаше и лик, не само раме и раче… Иако, никој жив не знае зошто се јави пустиот, но пи-ар тимот на премиерот кој оком-скоком дејствува по Фејсбук дојава, очебијно проценил дека е време за „силен и државнички“ говор на премиерот кому никој не му верува. Статива. Арно ама, најверојатно ЗЗ наредил, па пустиот Ковачевски мораше да оддржи така извонредно „вонредно“ обраќање до нацијата. Иако, кондурите му беа 10 броја поголеми, јали повеќе. Или поверојатно, откако вчера избега и не даде изјава за Украина, Таче денеска си пушти компензациско кукавичко демек обраќање. За не дај Боже некој да не го праша нешто, да не згреши и да не се збуни презбунетиот„државник“, кој кога се договорал да го наследи Црпко, не сметал дека навистина, макар на секунда-две, ќе мора да биде вистински премиер.

Само, до која нација и со кој кредибилитет се обрати престолонаследникот на Заев кој толку парадоксално и без исав при својот „патриотски“ акт дузина пати го спомна тоа на „С“? Да не се лажеме, човечето кое не го познаваат ниту во матичната партија и кое дојде на власт со директива на врховниот лидер, нема мандат да зборува ниту за ланскиот снег, не па за безбедноста на државата. Истата таа држава која стана нечија легитимна мета токму благодарение на нивниот непромислен и насилен акт на промена на името за влез во воена организација на земјата која котира на 134-то место од 139 земји според борбената готовност на армијата?!?!?

И не, не држат муабетите дека било време за обединување. Тоа е невозможна мисија со луѓето кои немаат ни трунка осет за Македонија и за Македонците, лукративната банда која тргува со нашата историја, револуционери и светци, ултра неспособна сурија која е во фотелја само благодарение на услугите кон „СОСЕДИТЕ“, а не поради борба за својот народ, макар политичка. Оти никој од овие владејачки дилајли и нивните послушници не очекува да стават пушка на рамо и да се борат за државата чие име толку лесно и без проблем го сменија. Би изгледале како „патриотски“ севрџани или слонови во пижами…

И верувале или не, но мислам дека, за жал, кризата со Украина и трагичните настани повторно им се погодија на Заевци. Не, ова не е некрофилија, ова е Северџанофилија. Овојпат, тие ќе бидат класични воени профитери со тапија, неспособњаковиќи кои не ни требаа да бидат на власт со падната влада и кои ќе останат на власт подолго токму поради една вистинска војна. Прво, тоа го сторија и искористија со короната, кога народ калкулираше и се плашеше да излезе на избори, па 2020-та така и победија, со помош на мал „пад“ на системот, башка. Сега, во оваа светска воена криза, никому нема да падне на ум да менува власт, една толку насушна потреба за Македонија. Повторно, Заевци преку своите марионети ќе си владејат, многу подолго од што треба. А крајот на кризата толку далечен и непредвидлив. На страна што, дури и дај Боже утре да заврши, економското цунами од неа ќе удри страшно, па ефектот од агресијата врз Украина ќе го чувствуваме долг временски период. Време во кое Ковачевски ќе владее, Заев ќе команда од плажа или монденски скијачки центри (зависно од годишното доба), а неспособната банда ќе не „води“. Во пропаст…

Ве тера да се запрашате, што толку многу сте згрешиле, та во ваква светска воена криза, на работ на Трета Светска Војна, да имате збунка премиер кого колегите без пардон го сечат од фотографии, одбраната да ви ја води Славјанка Лажни Вести, дипломатијата Бујар кој пола време лета орлиња со Артан, МВР Оливер кој „у меџувремену“ гарант продал уште 100 пасоши на мафијаши, искомбинирани со Љупче Путерот, преЦедник ни Стево ни Девојка, Бојан Неправда, доктор Сали, Бисера Скафандер и останатата банда за која Далтонови се светол пример за чесност, родољубивост и способност…

Македонски таксират, чиј дел и сами си скроивме. И за жал, добро се сеќаваме кој гинеше во 2001-та, што стори државата за семејствата и нивниот спомен, а и на третманот на загинатите херои од  Диво Насеље. Е сега, пошто Цацко ви е крив, Славјанка нека го побара Цацко. Во Влада…