петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тим на македонската полиција ќе се грижи за безбедноста на ЕУРО 2020

Тим на македонската полиција ќе се грижи за безбедноста на ЕУРО 2020

Министерството за внатрешни работи информира дека тим на македонската полиција ќе се грижи за безбедноста на Европското првенство во Романија.

-Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот, информира МВР.

На овој начин, Министерството за внатрешни работи ги потврдува професионалните капацитети на своите полициските службеници, како и својата европска посветеност, исполнувајќи ги притоа највисоките меѓународни безбедносни стандарди во обезбедување на значајни спортски настани од висок ризик.

Најнови вести