недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тимот на Силјановска го пријави Скандалот на СДСМ и во ДИК: Македонија заслужува фер и коректен изборен процес

Тимот на Силјановска го пријави Скандалот на СДСМ и во ДИК: Македонија заслужува фер и коректен изборен процес

Денеска во Државната изборна комисија разговарав за нашите вчерашни претставки до повеќе институции во кои што искажавме сомнеж за регуларноста на овие избори во контекст на апликацијата која што Социјалдемократскиот сојуз ја користел во прибирање на податоци од граѓаните за кои што се сомневаме дека завршиле во серверот на Социјалдемократскиот сојуз, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Горан Момировски шеф на изборниот штаб на кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

-Како потврда на нашите сомнежи дојде вчера повлекувањето на апликацијата од сервисот на „Google play“ и подоцна и падот на серверот на СДСМ каде што се сомневаме дека се складираат лични информации и податоци на граѓаните, се сомневаме на тој сервер има голем број на матични броеви на граѓани кои што се собрани од страна на екипите на СДСМ кои што одат од врата на врата. Со господинот Дерковски, Претседателот на Државната изборна комисија разговаравме за кои се надлежностите на ДИК и што тие можат да направат и тој ми вети дека се што е во рамки на ингеренциите на Комисијата ќе биде преземено и ќе се истражат наводи за нерегуларности во контекст на тоа ДИК што може да направи во овој случај. Се разбира за нас остануваат отворени прашањата дали има поврзаност помеѓу падот на серверот на Државната изборна комисија пред 20-тина дена во исто време кога СДСМ ја подготвува и ја објавува апликацијата на „Google play“ сервисот и исто така имаме сериозни прашања во врска со претставникот на Социјалдемократскиот сојуз во Државната изборна комисија во екипата која што работела на прочистување на изборните списоци. Тоа лице имало пристап до матичните броеви на сите граѓани и се сомневаме дека можеби и во овој случај е направена некаква илегална активност која што директно загрозува низа македонски закони, загрозува низа индивидуални човекови права пред се се разбира во контекст на изборното право, потенцира Момировски.

Тој додава дека имаат контакти и со Јавното обвинителство со нив дополнително ќе разговараат за мерките што тие треба да ги преземат и се надеваат дека веќе ги презеле но меѓутоа очекуваат дека јавноста ќе биде информирана што точно се случило во овие 15-тина дена со помош на апликацијата која што СДСМ ја објавило на „Google play“ сервисот.

-Навистина Македонија заслужува особено овој период пред добивање на датумот за преговори за членство со ЕУ, да имаме еден фер, коректен изборен процес и дека навистина тоа ќе се случи. Меѓутоа тоа да се случи мора институциите да ги расчистат сите дилеми околу овој случај што  ние го нарекуваме „Големото око“, вели Момировски.