Во Кривичниот суд денеска има расправа за случајот „Титаник“ во врска со наводни изборни нерегуларности, со испрашување на сведоци.
Жанета Заец сведок, која е вработена во МВР Битола, а во периодот од 2012-2013 година работела како соработник во управното одделение во Ресен, потврди дека избирачкото право се стекнува со статус граѓанин, односно државјанин на РМ.
Таа потврди и дека издавала решенија за жителство во Ресен на граѓани кои биле од Австралија, Канада и други земји. Но, за македонските граѓани од Албанија издавала негативни решенија, со што имала двојни аршини при почитувањето на законските норми.